Емисијата „360 степени“, во која учествуваат обвинителката Вилма Русковска, директорката на Хелсиншки, Уранија Пировска и директорката на „Сите за правично судење“, Натали Петровска, се емитува вечерва (22 февруари 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Ќе одговара ли некој за бегството на Сашо Мијалков? Зошто порано не бил побаран притвор? Кој му дојавил за одлуката на Судот? Зошто веќе нема приведени или барем запленети телефони? Дали и овој случај, како и за бегството на Никола Груевски, ќе заврши со заклучок дека и обвинителството, и судот и МВР постапиле законски, а Мијалков го нема? Вечерва во „360 степени“ гостуваат шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, и директорката на Коалицијата „Сите за правично судење“, Натали Петровска.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.