Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (4 октомври 2021 г.) од 21:50 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-Климатски промени: Дали и колку аграрно ориентираната Македонија го прилагодува производството на храна – „360 степени“ од терен и од теренот на политиките;
-Фабрики се обидуваат да му пркосат на стереотипот за текстилната индустрија како ниско платена и експлоатирачка, инвестирајќи во нови технологии и во социјално одговорен однос кон вработените;
-Локални избори: Независните листи во сенката на кампањите на „големите“ – што нудат и какви им се шансите;
-Битка за Тетово: Што ветуваат кандидатите за градоначалник за двете главни прашања – ѓубрето и сообраќајниот хаос;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 21:50 часот на ТВ Алсат.