Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ во новата сезона се емитува вечерва (19 септември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
– Како изгледа на терен обидот на Бугарија да ги придобие Македонците во Албанија – репортажа од Пустец, Врбник и Корча;
– Зошто и по четири тендери Собранието не успеа да изгради „глува соба“ – опремата купена од меѓународни пријатели се амортизира неотпакувана;
– Владата се обврзала и во меѓународни и во домашни документи, вклучувајќи ги програмите од 2017 и 2022 г., но не вовела барем едно контрацептивно средство на државен трошок – зошто;
– Швајцарскиот модел на стручно образование – пример во глобални рамки од кој се обидува да учи и Северна Македонија – сторија од големиот саем за швајцарските вештини во Берн;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува во 22 часот на ТВ Алсат.