Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (14 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-Општина Центар најавува рушење на диво изградената и диво оградена улица кај зградата на владината Служба за заеднички работи; Освен засегнатите сопственици на парцели, и омбудсманот со прашање до општината – зошто досега не презела ништо;
-МНР вторпат го моли Собранието за комисиска седница на која Фрчкоски би се претставил како иден амбасадор во Њујорк; Милошоски не дава прецизен одговор дали и кога би ја закажал; Дали Пендаровски ќе потпише указ и без собраниска промоција на Фрчкоски;
-ДКСК ќе бара одговорност за незаконско трошење во Општината Студеничани по наодите на државната ревизија дека се спровел поништен тендер од 300 илјади евра и дека се делеле хонорари за седници на општинскиот совет што не се одржале;
-Под радарот на јавниот интерес, во период на други бурни настани, остана успехот на Собранието да се избори за свој независен буџет и своја самостојна стручна служба – што значи тоа во пракса;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.