Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (15 мај 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Ќе заврши ли пародијата со владеењето на правото во случајот со дивоградбата на Пластичарска – премиерот Ковачевски најавува расправа на седница на Владата и, посредно – рушење;
– Истражување за размерите на (зло)употребата на државните службени возила; Анткорупциска предлага нивните таблички да бидат во друга боја за полесно да се следат и препознаваат;
– Злоупотреба на државни ресурси – тема за интервју со вицепремиерката Славица Грковска;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.