Најсилниот земјотрес се случи синоќа со јачина од 5,7 степени по Рихтер, а беше регистрирана и една жртва
Во Столац, Босна и Херцеговина, вечерва повторно бил почувствуван земјотрес. Како што објави Европската сеизмолошка агенција, тој е регистриран во 20:02 часот со јачина од 3,3 степени по Рихтер, а со епицентар во близина на Столац.
Како што објавија медиумите од БиХ, тој се почувствувал во поширокиот регион.
За потсетување, синоќа во 23:08 часот беше регистриран најсилниот земјотрес со јачина од 5,7 степени кој беше почувствуван во целиот регион и во Северна Македонија. Земјотресот однесе и една жртва, 28-годишна девојка, врз чија семејна куќа падна огромна карпа.
Во текот на ноќта биле регистрирани уште 30-тина послаби земјотреси.