Од МВР порачуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот
Во акциска контрола на скопската полиција, вчера на територијата на главниот град казнети се 15 возачи кои возеле без возачка дозвола, соопшти МВР.
15-те казни се меѓу вкупно 69 мерки што биле изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје.
Полицијата напишала 15 казни и за брзо возење, како и три за возење под дејство на алкохол.
„Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци“,
велат од МВР.
Оттаму порачуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.