Во однос на достапноста на вакцини, министерот Венко Филипче, вчера изјави дека следната недела се очекуваат 20 000 вакцини донација од Грција и 50 000 од Бугарија. Дополнително, во јуни, како што рече, пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, па министерот очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10 000 вакцинирани дневно
Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале вкупно 13 592 граѓани, а од нив 2 411 примиле прва доза, додека останатите се ревакцинирале.
Со тоа вкупниот број на вакцинирани граѓани скокна на 233 844 од кои 71 600 примиле и втора доза.
„Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 34% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“,
велат од Министерството за здравство.
За вакцинација досега се пријавиле вкупно 429 464 граѓани, а од Министерството апелираат оние кои не го направиле тоа, да се пријават на vakcinacija.mk.
Во однос на достапноста на вакцини, министерот Венко Филипче, вчера изјави дека следната недела се очекуваат 20 000 вакцини донација од Грција и 50 000 од Бугарија.Дополнително, во јуни, како што рече, пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, па министерот очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10 000 вакцинирани дневно.