Како поттик за имунизација против коронавирус, сојузната американска држава Вашингтон ќе им обезбеди на возрасните граѓани бесплатен џоинт марихуана кога ќе примат вакцина.
Државниот одбор за алкохолни пијалаци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинти за вакцини“ стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, пренесува „Њујорк тајмс“.
За лицата постари од 21 година, продавниците за канабис ќе обезбедат по еден џоинт кога ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.
Во Вашингтон околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле втора доза. Слична акција најави и сојузната држава Аризона.
Комитетот за алкохолни пијалаци и канабис во Вашингтон неодамна за жителите обезбеди бесплатно пиво, вино или коктел со приложен доказ за вакцинација.