„Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално – да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција. Народот очигледно не е подготвен за тоа“, порача претседателската кандидатка на Левица
Мојата цел не беше да победам туку да вознемирам една застојана елита – колку успеав, ќе видите наскоро, порача вечерва претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, во објава на Фејсбук.

„Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално – да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција. Народот очигледно не е подготвен за тоа. Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував“,
пишува Ванковска во објава на Фејсбук.
Честитајќи им на победниците, претседателската кандидатка на Левица порача дека е и останува левичар и додаде:
„Ќе чекориме заедно, ЛЕВА, ЛЕВА, ЛЕВА – како што пееше Мајаковски. Да живее Македонија! Смрт на неофашизмот, слобода на народот.“
Според обработени 91,33 отсто од избирачките места, Билјана Ванковска-Цветковска освоила 36 614 гласови.