Израел се смета за земја која има една од најуспешните програми за имунизација на населението во светот. Речиси 40 проценти од населението е веќе вакцинирано, а оваа истражување е објавено и со цел на оние кои не сакаат да се вакцинираат да им се покаже каков е ефектот од имунизацијата
Дури до 94 проценти намалување на симптоматичните случаи со ковид-19, е резултатот од истражување спроведено во Израел за ефикасноста на вакцината на „Фајзер“.
Истражувачкиот институт „Клалит“ анализирал 1,2 милиони луѓе – 600 000 кои ја примиле вакцината и уште толку кои не ја примиле.
Анализите покажале дека во вакцинираната група има намалување за 94 отсто на симптоматичните случаи, но и 92 проценти намалување на тешките случаи на заболени со ковид-19. Ефикасноста е иста кај сите возрасни групи.
„Сега недвосмислено е јасно дека вакцината на ’Фајзер‘ е исклучително ефикасна во реалниот живот, исто како што покажаа и резултатите од клиничките испитувања“,
вели професорот Ран Балицер од „Кланинт“, пренесува „Скај њус“, но и потенцира дека оваа студија се заснова на прелиминарни резултати.
Од „Клалинт“ тврдат дека пациентите и во двете групи имало исти пациенти според нивната општа здравствена состојба, местото каде живеат и ризиците од инфекција и развивање на тешка клиничка слика.
Израел се смета за земја која има една од најуспешните програми за имунизација на населението во светот. Речиси 40 проценти од населението е веќе вакцинирано, а оваа истражување е објавено и со цел на оние кои не сакаат да се вакцинираат да им се покаже каков е ефектот од имунизацијата.