Активни пожари има на територија на Општина Сарај кај село Копаница, пожар е активен и на потегот од Гостивар кон Македонски Брод, кај селото Нежилово во Општина Чашка и кај селото Копанце во Општина Јегуновце. Во пожарите зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума, пасишта, папрат, смреки и мешана шума
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив четири се активни, три се под контрола, а 24 пожари се изгаснати – соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај за состојбата со пожарите на отворен простор во државата.

Активни пожари има на територија на Општина Сарај кај село Копаница, пожар е активен и на потегот од Гостивар кон Македонски Брод, кај селото Нежилово во Општина Чашка и кај селото Копанце во Општина Јегуновце. Во пожарите зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума, пасишта, папрат, смреки и мешана шума.
Под контрола се три пожари и тоа – на депонијата во Општина Делчево, пожарот на територијата на Студеничани и Зелениково, како и пожарот кај село Дворци во Пласница.
Изгаснати се вкупно 24 пожари во повеќе општини – Струга, Кичево, Неготино, Струмица, Демир Хисар, Прилеп, Тетово, Брвеница, Куманово, Крива Паланка, Гостивар, Петровец, Градско, Босилово, Сарај и Кавадарци. Во најголем дел од пожарите биле зафатени ниска вегетација, грмушки, стрништа и нискостеблеста шума, а дел зафатиле високостеблеста и мешана шума. Пожари биле регистрирани и на депонии и ѓубришта.
