Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, утре, во Скопје ќе се одржи Бизнис форум.
Форумот се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.
На форумот активно ќе учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, претставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.
Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Северна Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори.