Тоа е повеќе од двојна победа над второпласираната ГЕРБ, партијата на актуелниот премиер Бојко Борисов, која ја добила довербата на 100 избирачи од С Македонија
Централната изборна комисија сè уште ги нема објавено конечните резултати, но прогнозата е дека ВМРО нема да биде застапена во 45. парламент, напиша Каракачанов на Фејсбук
И покрај тоа што не обезбеди влез во идниот состав на бугарскиот парламент, партијата на актуелниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, убедливо победи во С Македонија.
Според целосно обработените податоци од Централната изборна комисија на Бугарија, во С Македонија гласале вкупно 510 избирачи. Од нив, вкупно 216 гласа на лица со бугарско државјанство се на контото на ВМРО-БНД. Тоа е повеќе од двојна победа над второпласираната ГЕРБ, партијата на актуелниот премиер Бојко Борисов, која ја добила довербата на 100 избирачи од С Македонија.

За разлика од одличниот изборен резултат во матичната држава, Слави Трифонов, од бугарските државјани што живеат во С Македонија книжи само 21 глас, а пред него е и партијата Демократска Бугарија, за која се определиле 51 гласач. Социјалистите и во С Македонија доживеаја дебакл и освоија само 15 гласа. Од останатите партии, единствено проруската АБВ има освоено над 10, односно добила вкупно 12 гласа.
Најголем одѕив имало во Скопје, каде што за тоа кој ќе ги претставува во Народното Собрание на Бугарија, на гласање излегле 147 лица со бугарско државјанство. Најмалку интерес имало во Битола. Таму гласале 69 лица.
По гласачки места, ВМРО-БНД однел победа во Охрид, Битола и во Штип. Во Скопје најголем број гласови освоила партијата на Борисов, додека во Струмица триумфот е за Демократска Бугарија.
КАРАКАЧАНОВ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ
Инаку, претседателот на ВМРО-БНД попладнето го призна поразот на парламентарните избори во Бугарија и порача дека нема да ги предаде своите приврзаници.
„Централната изборна комисија сè уште ги нема објавено конечните резултати, но прогнозата е дека ВМРО нема да биде застапена во 45. парламент. Сакам да му гарантирам на секој Бугарин што ни ја даде довербата и гласаше за ВМРО дека нема да ве предадеме! Дури и надвор од парламентот, ВМРО силно ќе се бори за вашите интереси. Ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес за Македонија – затоа што не треба да има компромис по секоја цена! Главата горе, пријатели! Не треба да се понижувате! ВМРО не ја доби оваа битка, но ’војната’ допрва доаѓа – а таа е за највредната – Бугарија“,
пишува Каракачанов на својот фејсбук-профил.