Уставот забранува униформирано лице да биде цивилен шеф на министерството за внатрешни работи или за одбрана.
Членот 97 јасно нормира: „Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.
Оттука, ако се потврдат информациите дека армискиот полковник Драган Ковачки е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, се чини дека постои уставна пречка Собранието да го избере на таа позиција.