Пратениците во Собранието во моментов се на пауза. Додека се чека да почне седницата за распуштање на парламентот, собранискиот спикер Талат Џафери закажа продолжение на 131 седница во 15:30 часот, на која на дневен ред се повеќе од 30 закони. Сепак, проценките се дека е важно да се гласа за законот за медиуми, за лични податоци и за законот за Инспекторатот за употреба на јазиците.
Поради ова беше прекината седницата со предлогот за распуштање на парламентот, која ќе продолжи откако ќе биде затворена 131 седница.
Претходно, парламентот ги усвои двотретинските закони за јавно обвинителство и законот за одбрана, а го донесе и законот за Советот на јавни обвинители. Во знак на револт, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе присуствува само на седницата за распуштање на парламентот.