Полицијата регистрираше уште еден случај на измама во кој жртвата дава пари откако ја лажат дека ќерката предизвикала сообраќајка.
Случајот бил регистриран вчера, а на измамата наседнал 69-годишен скопјанец.
„Според пријавеното, околу 9 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете мигрант и требало да даде пари за да ѝ помогнат. Според пријавеното, околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје М.Ј. на непознатото лице му дало 2 800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен“,
соопштија од полицијата.
Сличен начин на измама полицијата регистрира и мината недела, кога 78-годишна скопјанка на непознато лице му платила околу 2 000 евра.
И таа добила повик во кој ѝ кажале дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице мигрант, а ќерка ѝ била со тешки повреди.