Уште 19 случаи позитивни на коронавирус во земјава регистрирале здравствени власти, со што вкупната бројка денеска до 10 часот изнесува 67 заболени и 1 излекуван.
Според соопштението од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден во Институтот за јавно здравје направени се 71 тест за коронавирусот, од кои два се позитивни. Додека на клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои треба да бидат потврдени во текот на денот.
Од потврдените два случаи кои се тестирале на Институтот за јавно здравје едното лице е од Скопје и имало контакт со веќе потврден и дијагностициран пациент, а другото лице е од Охрид, дојдено од Бреша, Италија, кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.