Oд 1,5 милијарда деца кои не одат на училиште поради пандемијата, 463 милиони ја немаат потребната опрема за да продолжат со учење од дома
УНИЦЕФ соопшти дека речиси третина од учениците во светот немаат можност да учат на далечина.
Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека од 1,5 милијарда деца кои не одат на училиште поради пандемијата на коронавирусот, 463 милиони ја немаат потребната опрема за да продолжат со учење од далечина.
УНИЦЕФ предупредува дека последиците од нарушувањето во образованието ќе се почувствуваат во економијата и во општеството во наредните децении