Унгарската Влада донесе одлука повторно да ги затвори границите на земјата како на почетокот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш.
Тој рече дека од 1 септември на странските државјани ќе им биде забранет влез во Унгарија, освен во исклучителни случаи, јави агенцијата МТИ.
„Овие мерки се воведени за да се спречи внесувањето на вирусот во земјава. На тој начин сакаме да ги заштитиме своите постари граѓани, да им овозможиме на децата да бидат безбедно подготвени за почетокот на учебната година и да продолжиме со економскиот напредок“,
рече Гулаш.
Унгарските граѓани кои се враќаат во земјата ќе треба да бидат во карантин 14 дена или додека не добијат два негативни теста направени во два различни дена.