Лозински е осомничен дека го примил митото за да овозможи потпишување на договор за купување опрема и генератор по нереални цени односно за зделка со нереална цена од 7,6 милиони долари
Заменик-министерот за инфраструктура на Украина, Васил Лозински, е уапсен поради сомнение за мито од 400 000 долари.
По приведувањето, тој е сменет од функцијата, а е покрената и интерна ревизија откако медиумите објавија дека наводно бил потпишан договор со „надувани“ цени.
„Кабинетот на министри на Украина нареди В.М. Лозински да се разреши од должноста заменик-министер за развој на заедницата, територијата и инфраструктурата во Украина“,
напиша на Телеграм украинскиот премиер Денис Шмигал.
Истрагата што ја отворила Националната канцеларија за борба против корупцијата на Украина открила дека се проневерени јавни средства издвоени за алтернативни извори на енергија во текот на зимските месеци.
Лозински е осомничен дека го примил митото за да овозможи потпишување на договор за купување опрема и генератор по нереални цени односно за зделка со нереална цена од 7,6 милиони долари.
Апсењето и неговата смена е во период кога Украина се соочува со недостаток на електрична енергија поради руските гранатирања на критичната инфраструктура.