Во соопштението не е прецизирано за кои новинари станува збор, а според медиумите, најмалку шест дописници на Си-ен-ен и Скај њуз ја загубиле акредитацијата
Украинската војска ги отповикала ингеренциите на неколку западни новинари по нивното известување од Херсон, откако руските сили се повлекоа од градот, соопштија украинските власти.
„Неодамна, некои претставници на медиумите ги игнорираа постоечките забрани и предупредувања и почнаа да известуваат од Херсон без согласност на воените команданти и релевантните сектори за односи со јавноста, дури и пред да бидат завршени мерките за стабилизација“,
објави украинскиот Генералштаб на Фејсбук.
Во соопштението не е прецизирано за кои новинари станува збор, а според медиумите, најмалку шест дописници на Си-ен-ен и Скај њуз ја загубиле акредитацијата.
Според украинскиот медиумски портал „Детектор.медиа“, на двајца новинари од украинскиот интернет портал „Хромадске“ им биле одземени и воените ингеренции поради известување од Херсон.
Руската армија се повлече од северозападниот дел на регионот Херсон, вклучувајќи го и главниот град. Украинската армија полека навлегува во тие области како мерка на претпазливост.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека една од најважните итни мерки е деминирање на Херсон и околните области.