Во објавата на социјалните мрежи, украинската амбасада во Северна Македонија по првпат објави фотографии од поранешниот македонски авион „су-25“, кој бил доставен до Украина пролетта 2022 г. Авионот сега е надграден на стандардот „су-25М1(К)“.

Авионот сега е дел од 299. украинска тактичка Воздухопловна бригада.
Инаку, Македонија на Украина во неколку наврати од почетокот на руската агресија врз земјата ѝ донираше воена оперема. Министерката за одбрана Славјанка Петровска своевремено извести дека Македонија донирала авиони и тенкови од советско производство, но количините не беа соопштени. Донирани беа и 12 хеликоптери од типот „ми-24“, кои земјава ги доби токму од Украина за време на конфликтот во 2001 г.
Македонија е една од ретките земји кои ѝ донираа воени авиони на Украина, а пред еден месец Полска изрази подготвеност да ги испрати сите свои авиони „МиГ-29“ во Украина.
