Украинските сили собориле 11 беспилотни летала со средства за противвоздушна одбрана на воздухопловната команда „Југ“, а преостанатите два биле соборени од војници на Националната гарда и државната гранична служба на Украина
Шефот на регионалната воена администрација на Николаев, Виталиј Ким, објави дека украинските сили денеска собориле 13 беспилотни летала камикаѕи над градот.
„Ноќта меѓу 18 и 19 октомври непријателот двапати го нападна регионот на Николаев со камикаѕи-беспилотни летала ‘шахед-136’. 13 од нив беа соборени на територијата на регионот“,
напиша Ким во објавата на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додава дека украинските сили собориле 11 беспилотни летала со средства за противвоздушна одбрана на воздухопловната команда „Југ“, а преостанатите два биле соборени од војници на Националната гарда и државната гранична служба на Украина.
Во објавата Ким напиша и дека утрото руските сили ја гранатирале околината на Општина Широков и дека во тој напад нема повредени.