Континуираните напади на руската армија врз инфраструктурни цели, кои неретко се и цивилни цели доаѓаат како резултат на неодамнешната операција „Пајакова мрежа“ во која Украина уништи голем број руски стратегиски бомбардери во Сибир
Украина сама го испровоцира нападот на руската армија откако пред неколку дена ја изврши воената операција „Пајакова мрежа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на прашањето дали токму украинската операција од пред неколку денови е значаен адут за Володимир Зеленски во војната против Русија.
Трамп рече дека токму таа операција му дала причина на рускиот претседател Владимир Путин да започне серија разорни воздушни напади врз повеќе украински градови.
„Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира. Не ми се допадна таа операција. Кога ја видов, си реков: „Еве го, сега ќе започне нападот“,
рече Трамп.
Утринава, најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков и, според градоначалникот Ихор Терехов, тоа бил најтежок напад од почетокот на војната, со речиси 60 експлозии што одекнале во градот за час и половина.
Русија ги интензивира воздушните напади врз Украина во последните неколку дена во своевиден обид за одмазда за украинската тајна акција со кодно име „Пајажина“, извршена на почетокот на месецов, кога беше извршен голем, прецизно планиран напад што бил подготвуван повеќе од 18 месеци, а во кој беа погодени повеќе од 40 воени авиони на четири различни локации во Сибир.