Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа, исто така, тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“
Висок украински функционер денеска изјави дека руски војници силувале петгодишно девојче и 76-годишна Украинка, пренесува Сакј њуз. Јулија Свириденко, заменик премиер на Украина, рече дека видела голем број признанија од украински девојки и жени кои биле жртви на сексуално насилство за време на војната.
На прашањето, како руските војници се однесуваат со Украинките, Свириденко рече:
„Ужасно. Зборувавме за жени и деца кои беа силувани. Најмладата имаше само пет години, а најстарата 76. Ова се ужасни приказни за кои светот треба да знае и треба да реагира“.
Сакам да ја истакнам важноста на санкциите против Русија и важноста да продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружјето што ни е потребно за да ја завршиме оваа војна со победа. Нашиот народ многу страда, особено жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ, а Украина се подготвува за ново гранатирање, за ракети насочени кон нашата електрична мрежа, додаде таа.
Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа, исто така, тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“.