Американската амбасада во Киев вчера упати апел до граѓаните на САД да ја напуштат Украина наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови
Украина стравува дека денеска, на Денот на независноста, Русија ќе ги изврши најбруталните напади од почетокот на конфликтот. Поради тоа, поголемите прослави се откажани во речиси сите градови, а претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина силно ќе одговори доколку Русија ги засили своите напади.
Најголема внимателност има за Киев, каде што се забранети сите големи јавни настани и какви било собири, а мерката стапи во сила во понеделникот и ќе трае до четврток.
Поради страв од можни напади, голем број граѓани на Киев го напуштаат градот. Советникот на украинскиот претседател Александар Родњански изјави дека се чувствува тензија во воздухот и дека луѓето реагираат на вестите, имаат планови за вонредни ситуации и не сакаат да поминуваат премногу време во близина на центарот.
„Постои голем ризик Русија да нападне денес за да ја надомести својата неспособност и во основа сите неуспеси во последните шест месеци, да постигне каков било успех на фронтот, доколку има некаков успех во покорувањето на Украина“,
рече Родњански.
Тој нагласи дека владата воспоставила противвоздушна одбрана и дека во тек се антитерористички операции за борба против сите планирани руски напади.
Американската амбасада во Киев вчера упати апел до граѓаните на САД да ја напуштат Украина наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.
Напади очекува и украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој рече дека ако Москва одлучи да направи нешто такво, Украина мора да биде подготвена на силен одговор од украинските сили.
На прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во посета на Украина, како одговор на новинарско прашање за можноста од руски ракетен напад врз Киев, Зеленски рече дека постои секојдневна закана од напад и дека украинските разузнавачи соработуваат со странски разузнавачи.
„Русија тоа го прави постојано. Дали можат да го зголемат бројот на овие напади? Да, тие можат да го направат тоа денес“,
рече Зеленски.
Тој исто така рече дека ако Русија нападне кој било град во текот на овој ден, ќе добие одговор што не го памети.
„Ако не нападнат, ќе добијат силен одговор“,
рече Зеленски.