Претходно денеска американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови
Советникот на украинскиот претседател Александар Родњански денеска за Би-би-си изјави дека многу цивили го напуштаат Киев во страв од руски напад утре, на Денот на независноста на Украина.
„Во воздухот се чувствува загриженост и тензија“,
вели Родњански.
Како што рече, луѓето реагираат на вестите, се трудат да имаат планови за вонредни ситуации, а не сакаат да поминуваат премногу време во близина на центарот, во близина на зградата на владата.
„Постои ризик Русија да се обиде да нападне токму во тоа време за да ја надомести нивната неспособност да постигнат каков било успех на фронтот и во основа сите неуспеси во последните шест месеци, да има каков било успех во покорувањето на Украина“,
вели тој.
Советникот на Зеленски нагласува дека Владата воспоставила противвоздушна одбрана и дека во тек се антитерористички операции за борба против сите планирани руски напади.
Претходно денеска американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.