Во кратка објава на Телеграм, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак напиша: „Област Курск, добри вести. Русија го добива она што го заслужува“
Украина започна нов контранапад во пограничниот рускиот регион Курск, каде украинските сили веќе контролираат неколку стотици квадратни километри по офанзивата во август 2024 година. Како што пренесува Си-Ен-Ен, украинската војска извршила неколку ненеадејни напади против руските сили на неколку локации низ областа.
Во кратка објава на Телеграм, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак напиша: „Област Курск, добри вести. Русија го добива она што го заслужува.“

Архива
И руското министерство за одбрана соопшти дека украинските сили почнале контраофанзива, но нападите како што велат биле спречени од руската војска. Руската новинска агенција пренесе дека нападот со тенкови и оклопни возила бил спречен во близина на селотот Бердин, околу 15 километри од границата.
„Околу 9 часот по локално време, непријателот започна контраофанзива со цел да го запре напредокот на руските сили во областа Курск. Операцијата за уништување на украинските единици продолжува“,
се наведува во објавата на руското министерство за одбрана.