Украинските воени сили успеаја да ја вратат контролата над аеродромот Антонов, оддалечен 25 километри од центарот на Киев, а кој претходно го заземаа руските трупи, пренесува „Њусвик“.
Аеродромот најчесто се користи за превоз на роба, но и за пробни летови, јавуваат украинските медиуми.
Аеродромот Антонов има стратешко значење, затоа што Русија би можела да го користи за слетување на своите авиони и трупи, а патничките летови веќе се забранети, откако во Украина беше прогласена вонредна состојба.