Системите „Патриот“ беа испратени од Германија и се очекува да му помогнат на Киев да се одбрани од тековните руски ракетни напади. Помошта што ја најави Пентагон, пак, вклучува артилериски гранати и муниција, а како што пишуваат агенциите, таа доаѓа пред најавената пролетна контраофанзива на Киев против руските сили
Украина ги доби првите системи „Патриот“, кои важат за едни од најнапредните американски системи за противвоздушна одбрана, соопшти министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников.
„Денес нашето прекрасно украинско небо стана уште побезбедно бидејќи системите за противвоздушна одбрана ‘Патриот’ стигнаа до Украина“,
напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана.
“Patriots” for patriots
— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) April 19, 2023
Do you know how to visualize a dream? We must tell about it to the world and give it life! This is exactly what happened with the Patriots, even before the large-scale war, even before my appointment to the most important position of my life at the most… pic.twitter.com/m6H63erV6Z
Системите „Патриот“ беа испратени од Германија и се очекува да му помогнат на Киев да се одбрани од тековните руски ракетни напади.
Инаку, испораката на оружјето е наведена на веб-страницата на германската влада во делот за пратки на оружје што Берлин ги испраќа во Украина.
Овој мобилен систем е еден од најнапредните системи земја-воздух во светот и може да се користи за борба против авиони, балистички ракети и други проектили.
Германија и САД се согласија да испратат вакви системи за противвоздушна одбрана во Украина и ги обучија украинските војници за нивно користење.
Системите Патриот се сметаат за клучни во напорите на Украина да ја заштити цивилната инфраструктура на земјата од нападите на руските сили.
Покрај тоа, Пентагон денеска објави дека САД ќе испратат дополнителна воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари, која вклучува огромно количество артилериски гранати и муниција, пренесува Асошиејтед прес.
Дека нова воена помош за Киев е пред испраќање, објави и Белата куќа, без да ја објави нејзината вредност.
Според Асошиејтед прес, испраќањето на помошта се случува пред најавената пролетна контраофанзива на Киев против руските сили.

САД не прецизираат колкаво количество муниција планираат да испратат, но проценките се дека и овој пакет помош ќе биде како и претходните, и ќе вклучува ракети за системи и хаубици од типот Химарс, како и други проектили и противтенковска муниција.
Арсеналот, како што се наведува, ќе биде собран од залихите на Пентагон, што значи дека многу брзо ќе пристигне на првите борбени линии во Украина.
Украински официјален претставник во понеделникот изјави дека е само прашање на време кога неговата земја ќе биде воено подготвена да ја започне контраофанзивата против руски трупи.