Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени, велат од УХМР

Времето денеска ќе биде сончево и топло, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

УХМР најавува дека под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време.
Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.

