Од УХМР предупредуваат и дека од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информираше дека во Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Претходно нестабилно било времето и во неколку други региони низ државата, па заклучуваат дека процесите немаат одредено движење.
Предупредуваат дека нестабилно е и во околината на Скопје.
„Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица. Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје започнува да се формира нестабилна облачност“,
велат од УХМР.
Од УХМР предупредуваат и дека од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.
Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Сѐ уште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде што има интензивен пороен дожд, велат од УХМР