Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска на својата Фејсбук страница објави дека во рамките на законски овластувања што ги има како министер, руската новинарка Дарија Асламова ја прогласил за „персона нон грата“ на Косово.
Во соопштението се наведува дека и е забранет влез во Косово во траење од пет години.
„Секој кој со одредени цели или директиви ќе ја прекрши или ќе се обиде да ја дестабилизира нашата земја, без сомнение ќе се соочи со силата на законите на Република Косово“,
напиша Свечља.