Вчера во Скопје пешак беше удрен со возило околу 14 часот попладне. Возачот на возилото го напушти местото без да му укаже помош на повредениот пешак, кому подоцна во болница му се констатирани телесни повреди. Три и пол часа подоцна полицијата ја пронашла и уапсила 42-годишната С. В. М.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладнето е пронајдена и лишена од слобода 42-годишна жена. Таа претходно истиот ден околу 14 часот удри пешак со своето возило и побегна од местото.
Според МВР, таа е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
„На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С. В. М. (42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. ‘Кузман Јосифоски Питу’ и ул. ‘Бојмија’ со патничко моторно возило ‘цитроен’ удрила во пешакот А. М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А. М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, С. В. М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“,
соопшти МВР.