Дел од српските, но и македонските медиуми деновиве објавија дека таткото на осомничениот напаѓач од Младеновац починал од срцев удар, еден ден по масакрот што го изврши неговиот син. Но, очигледно се работи за лажна вест
Уапсен е таткото на 21-годишниот У.Б. кој е осомничен за масовното убиство кај Младеновац, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија, пренесе РТС.
Агенцијата Танјуг објави дека на таткото на осомничениот убиец му е одреден 48-часовен притвор.
Дел од српските, но и македонските медиуми деновиве објавија дека таткото на осомничениот напаѓач од Младеновац починал од срцев удар еден ден по масакрот што го извршил неговиот син.
Но, очигледно се работи за лажна вест.
Претходно приведени беа и вујкото и дедото на осомничениот убиец поради сомнеж оти по злосторството 21-годишниот напаѓач се криел во нивниот дом.
Дваесет и едногодишниот У.Б. е осомничен за масовното убиство на 4 мај, кое се случи во околината на Младеновац. Во нападот починаа осум лица, а 14 беа ранети.
Откако беше уапсен, осомничениот призна дека пукал со автоматска пушка и пиштол во луѓе кои не ги познава за да ги исплаши жителите. Поради опасност од бегство, обвинителството му одреди 30-дневен притвор.