Станува збор за 49-годишно лице осудено за кражба
Скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна од една и пол година бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Станува збор за 49-годишно лице осудено за кражба.
„С.А. (49) од Скопје, баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една и пол година, за сторено кривично дело по член 235 став еден од Кривичниот законик, ќе биде спроведен во надлежната казнено поправна установа“,
соопшти МВР.

