Социјалната мрежа Твитер стави предупредување на пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека води кон дезинформации, во која тој тврди дека гласачките ливчиња испратени по пошта се измама.
Ова е првпат Твитер да го санкционира Трамп, чиј профил на Твитер @realDonaldTramp го следат 80 милиони.
Поради ова, Трамп го обвини Твитер дека ја задушува слободата на говорот.
„Твитер сега се меша во претседателските избори 2020. Вели дека е некоректна мојата порака дека гласањето преку пошта ќе доведе до масовна корупција и измама. Тоа го кажа врз основа на лажните вести што како проверка на факти објавени на Си-ен-ен, Вашингтон пост на Амазон. Твитер во целост ја задушува слободата на говор и јас како претседател нема да дозволат да се случи тоа“,
напиша Трамп на Твитер.
Портпаролот на Твитер, Трентон Кенеди, изјави дека твитот на Трамп за гласањето преку пошта не ги крши правилата бидејќи „не се работи за директен обид да ги одврати луѓето од гласање“, туку содржи „погрешни информации за процесот на гласање, посебно за испраќањето на гласачките ливчиња“.
Токму Трамп пред неколку месеци својот глас за локалните избори во Флорида го испрати преку пошта.