Избришани се и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија, за кои е проценето дека имаат за цел да ја задушат јавната дебата
Компанијата твитер соопшти денеска дека избришала над 8 500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачјата Српска напредна странка. Исто така, избришани се и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија.
„Кон крајот на минатата година идентификувавме повеќе поврзани налози вклучени во координирана акција, што резултира со гасење на 8 558 налози наменети за промоција на владејачката партија во Србија и нејзиниот лидер. Ваквото дејствување е во спротивност со нашите прописи и претставува свесен обид за загрозување на слободата на јавното изразување“
објавено е на профилот на компанијата.

Твитер избриша и налози од Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија, поради, како што се наведува, дејствување според владини директиви или промовирање провладни содржини. Како што е соопштено, налозите се отстранети затоа што биле отворено со цел да ја поткопаат јавната дебата.
Во Египет се избришани нешто повеќе од 2 500 налози, во Хондурас повеќе од 3 000, а во Индонезија над 700 налози. Како што е соопштено, суспендирани се и 5 350 налози поврзани со Саудиска Арабија,