Од полицијата не го потврдуваат идентитетот на напаѓачот, но соопштуваат дека нападот го извршило лице со иницијали Б.Н. – вработено во институцијата. Алсат потсетува дека Незири, своевремено, беше и член на Управниот одбор на Македонската навигација. Според сознанија на „360 степени”, Беким Незири се уште е вработен во М-НАВ
Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, според информации кои ги објави Алсат, е човекот кој попладнево бил меѓу лицата што упаднаа во објектот на М-НАВ и заедно со еден од вработените нападнаа тројца други вработени во институцијата.
Алсат пренесува дека Незири, придружуван од уште едно лице, нападнал вработен кој бил етнички Албанец.
Од полицијата не го потврдуваат идентитетот на напаѓачот, но соопштуваат дека нападот го извршило лице со иницијали Б.Н. – вработено во институцијата. Алсат потсетува дека Незири, своевремено, беше и член на Управниот одбор на Македонската навигација, како и министер за економија. Според сознанија на „360 степени”, Беким Незири сè уште е вработен во М-НАВ.
„Денеска (4.1.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информираа денеска од МВР.
Беким Незири, инаку поранешен министер од редовите на ДУИ, во јули годинава беше избран за претседател на партискиот огранок во Чаир – место што дотогаш му припаѓаше на Изет Меџити кој во тој период заедно со други партиски членови во рамки на т.н. „огнена група“ се отцепи од ДУИ.