Објавата на полскиот премиер следува по масовниот руски напад врз Украина во текот на ноќта во кој загинаа најмалку седум лица, од кои две деца
Премиерот на Полска, Доналд Туск, објави дека Русија го повредила полскиот воздушен простор за време на синоќешниот ракетен и беспилотен напад на Украина во кој загинаа најмалку седум Украинци.

„За време на рускиот масовен ракетен напад врз Украина, се случи повреда на полскиот воздушен простор. Во врска со ова, свикав координативна група со учество на министерот за одбрана и надлежните служби, кои работат на лице место со часови и систематски ми доставуваат информации за сите околности на инцидентот“,
објави полскиот премиер на социјалните мрежи.
W trakcie rosyjskiego zmasowanego ataku rakietowego na zachodnią Ukrainę doszło do naruszenia polskiej przestrzeni powietrznej. Zwołałem w związku z tym zespół koordynacyjny z udziałem Ministra Obrony i odpowiednich służb, które od wielu godzin pracują na miejscu zdarzenia i…
— Donald Tusk (@donaldtusk) July 30, 2026
Објавата на Туск следува по масовниот руски напад врз Украина во текот на ноќта во кој загинаа најмалку седум лица, од кои две деца. Украина ја очекуваше руската офанзива, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вчеравечер предупреди дека постои голема веројатност таа да се случи во текот на ноќта.
Инаку, како одговор на нападите во Украина, Полска мобилизира борбени авиони како превентивна мерка.
