САД повеќепати ги одби барањата на Анкара за екстрадиција на Ѓулен кој живее таму, со образложение дека нема веродостојни докази за негова вмешаност
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска ги обвини САД дека стојат зад науспешниот воен удар од 2016 година во Турција, за кој Анкара го обвини муслиманскиот проповедник Фејтулах Ѓулен.
Сојлу за турскиот весник Хуриет изјави дека САД се обиделе да управуваат со пучот, а мрежата на Ѓулен го изведуваше воениот удар, додека „Европа беше воодушевена по тој повод“.
„Многу е јасно дека САД стојат зад 15 јули. ФЕТО го изврши по нивна наредба“,
посочи Сојлу.
САД повеќепати ги одби барањата на Анкара за екстрадиција на Ѓулен кој живее таму, со образложение дека нема веродостојни докази за негова вмешаност, и воедно негираше каква било вмешаност на Вашингтон.
И Ѓулен и неговата организација, за која Анкара ја користи кратенката ФЕТО, негираат дека стојат зад неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година.