Турција регистрираше нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирусот во последните 24 часа. Според извештаите од здравствените власти, во изминатото деноноќие позитивни на ковид-19 биле 63 082 луѓе.
Во истиот период регистрирана е и висока бројка на починати лица – 289.
Со последните податоци, вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата е над 4,1 милион, а на починати 35 320.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган на почетокот на оваа недела воведе нови мерки за заштита во првите две недели од рамазанските пости, но предупреди дека рестрикциите за Рамазан Бајрам може да бидат и построги доколку постоечките не се почитуваат и не падне стапката на инфекција.
Актуелните мерки вклучуваат забрана за меѓуградски патувања, онлајн настава на училиштата, затворени спортските центри и местата за забава. Претходно, пак, беа затворени рестораните и кафулињата, која мерка ќе трае додека траат и рамазанските постите.