Вчера и денеска Турција изврши неколку напади врз позициите на ПКК во северен Ирак и врз курдската милиција ЈПГ во северна Сирија, која Анкара ги смета за сојузници на ПКК, се вели во соопштението на Министерството на социјалната мрежа Икс
Турски сили ги нападнаа позициите на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во Сирија и Ирак, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Вчера и денеска Турција изврши неколку напади врз позициите на ПКК во северен Ирак и врз курдската милиција ЈПГ во северна Сирија, која Анкара ги смета за сојузници на ПКК, се вели во соопштението на Министерството на социјалната мрежа Икс.
Сириските курдски борци вчера нападнаа база на милиција на турските сојузници во северна Сирија, изјави за ДПА, Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР), британска организација со седиште во Ковентри, Англија, основана во 2006 година која има за цел да собира и документира кршење на човековите права во Сирија.
Турската државна новинска агенција Анадолија јави за „инвазија“ на базата на сојузничката група, при што загинале 11 лица. Со поддршка на лојалистички групи, Турција контролира делови од земјата во северна Сирија, а од 2016 година изврши неколку упади во тие области.
Опсерваторијата објави дека седум членови на протурската милиција биле убиени, а 12 биле ранети во нападот во понеделникот. Групата извести и за цивилни жртви, меѓу кои и две деца.
Размената на оган во таа област продолжи и во вторникот, јави ДПА повикувајќи се на сигурни извори.
Од понеделникот во Ирак и Сирија се „неутрализирани“ вкупно 17 милитанти, покажуваат податоците на турското Министерство за одбрана, кое нагласи дека ќе продолжи со борбата против тероризмот.
ПКК, партија која е забранета во Турција, ЕУ и САД и е на списокот на терористички организации, се бори против турската држава од 1980-тите година.