Вчера 24 часа по земјотресот беше извлечено живо и неповредно двегодишно девојче
Бројот на загинати во големиот земјотрес што ја погоди источна Турција во петокот навечер се зголеми на 31 лице.
Турската служба за справување со катастрофи и вонредни состојби го потврди бројот на загинатите, повеќето од нив во провинцијата Елазиг и најмалку четворица од соседната провинција Малатија. Бројот на повредени исто така се зголемува и во моментов изнесува 1.607 лица.
Спасувачките екипи и натаму бараат преживеани, а досега од под урнатините се спасени 45 лица, меѓу кои е и една двегодишно дете.

Повеќе од 80 згради се целосно уништени од земјотресот во Елазиг и Малатија. Кај 514 има огромна, а кај 409 објекти помала штета.

Вчера турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган вети дека турската Агенција за домување ќе стори сé што е потребно за да се осигура дека никој нема да остане без покрив над главата.
Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер беше во туристичкото место Сивирџе, недалеку од градот Елазиг.
Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај, Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.