Според информациите, на телото немало видливи знаци на повреда, а по наредба на јавен обвинител тоа е дадено на обдукција

Четириесет и шестгодишен турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.
Настанот бил пријавен во полицијата вчера попладне, по што веднаш биле испратени екипи на терен.
„Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало“,
информираат од СВР Охрид.
Според информациите, на телото немало видливи знаци на повреда, а по наредба на јавен обвинител тоа е дадено на обдукција.
По извршената проверка и првичната истрага било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б. Д. од Грузија.
