Шест лица фатени со лажни негативни ПЦР-тестови, се фатени при влез во земјава на Меѓународниот аеродром во Скопје. Двајца од нив се од С Македонија и по еден од Косово, Турција и Казахстан.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден 22 февруари 2021 година, при проверка Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, Тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови.
Понатаму, при иста проверка, фалсификуван ПЦР-тест е најден и кај дваесет и едногодишната Р.Б. од Казахстан.
МВР информира дека истиот ден на истиот граничен премин на Меѓународниот аеродром Скопје со фалсификувани негативни ПЦР-тестови се фатени и Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово и Г.Х.(50) од Турција.
Сите шестмина се приведени и задржани за понатамошна постапка.