Активните пожари се на територија на Општина Гази Баба и Општина Липково
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 14 часот попладнево, евидентирани се вкупно три пожари на отворен простор. Од нив, два се сѐ уште активни, а еден е изгаснат.

Активен пожар во моментов има во Општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде што гори ниска вегетација и ниска шума, а вториот активен пожар е регистриран во Општина Липково, кај село Опаје, каде што се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснатиот пожар, како што информира ЦУК, бил на територија на Општина Велес, конкретно на улица „Димко Најдов“, каде што била зафатена ниска вегетација.
