На терен се трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на скопската противпожарна бригада и екипите на ЈП „Национални шуми“
Сите расположливи државни ресурси во моментов се ангажирани на гасењето на пожарот на Китка – информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. На терен се трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на скопската противпожарна бригада и екипите на ЈП „Национални шуми“.

„Приоритет ни е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места“,
изјави директорот на ЦУК.
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, вчера изјави дека пожарот кој десетина дена беснее на Китка постојано е намерно потпалуван и дека речиси секојдневно се јавуваат нови жаришта на пожарот. Целта на потпалувачите, според него, е да се направи голема фронтална линија на огнот.
