Во кусо соопштение, од МПЦ-ОА наведоа дека по лекарска препорака, архиепископот г.г Стефан ја откажал плнираната посета која требаше да се одржи по повод претстојните собирски манифестации на Американско-канадската епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук, Чикаго
Поради здравствени причини и препорака од лекарите, архиепископот охридски и македонски г.г Стефан нема да оди во најавената посета на Американско-канадската епархија.

Во кусо соопштение, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија наведоа дека посетата на поглаварот на МПЦ-ОА требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на Американско-канадската епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук, Чикаго.
„На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква“,
се додава во соопштението на МПЦ-ОА.
